Најдобар пример за тоа колку е боксот опасен спорт сведочи шведскиот боксер, Ентони Јигит кој штотуку зачекори меѓу професионалците. Тој доживеа тежок нокаут од Иван Баранчук во седмата рунда, од борбата во перолесна категорија, по што рингот го напушти со огромен хематом на окото.
Шведските вљубеници во племенитиот спорт на социјалните мрежи се шегуваа со несреќниот боксер споредувајќи го со Квазимодо.
„Вистина не помина баш како што планирав. Окото е ок, добив неколку конци поради расекотината на веѓата, имам скршеница на вилицата, но се надевам дека уживавте во мојата борба“ – напиша Јигит на Инстаграм.
https://www.youtube.com/watch?v=7zU8OZEgeuI