Top Sport

Стравот од коронавирус го одложи и маратонот во Барселона

Атлетскиот маратон кој беше планирано да се одржи во Барселона идниот викенд се одложи поради опасноста од ширење на коронавирусот, соопштија денеска градскиот власти во Брселона.

Неодамна без присуство на публика беше одржан маратонот во Токио, токму поради истата причина.

Трката која првично беше закажана за 15 март се одложува за 25 октомври, одлучено е по состанокот на градскиот одбор за спорт и здравствените служби.

Ова е второ големо случување кое е откажано во Барселона, по појавувањето на коронавирусот. Минатиот месец во Барселона беше откажан Светскиот конгрес за мобилни и телекомуникациски индустрии (Mobile World Congress).

Во Шпанија досега забележани се 441 случај на заразен со коронавирусот, а досега осуммина починале.

Во Мадрид има 174 заболени, додека во Каталони бројот на заразени е 24.

Scroll to Top