Top Sport

Стрицова: Плишкова ми го украде тренерот

Односите меѓу чешките тенисерки Барбора Стрицова и Каролина Плишкова паднаа на најниско можно ниво, по обвинувањата за „крадење“ на тренерите.

Светската тенисерка број 25, Стрицова вели дека Плишкова почнала да работи со тренерот Томаш Крупа, кој од почетокот на 2017 беше нејзин тренер.

„По САД опен, Каролине ми кажа дека го сака мојот тренер, и нејзиниот менаџер веднаш даде понуда. Потоа, мојот тренер ми соопшти дека не може да работи повеќе со мене. Не сфаќам зошто таков однос. Во моментов нашите односи се на нула“, вели Стрицова.

И покрај овие обвинувања, Стрицова најави дека не би имала проблем да игра во двојки со Плишкова во Фед купот.

Scroll to Top