Русинката Елисавета Туткамишева (21) на натпревар во Квебек, Канада имаше спектакуларен настап на мразот, за кој се зборува низ целиот свет.
Туткамишева на мразот изведе вистински стриптиз на песната „Toxic“ од Бритни Спирс. Русинката на крајот заврши само со градникот на себе.
Атрактивната лизгачка, настапот го започна облечена како стјуардеса, а како песната одминуваше даа соблекуваше дел по дел од својата облека.
Со настапот таа ги освои и судиите и публиката, како и фановите на социјалните мрежи, а на крајот од Канада си замина со титулата за освоениот Гранд при.