Победник на денешната трка во супервелеслалом, која се возеше во Бормио е Норвежанецот, Александер Омот Килде. Со оваа победа, Килде го презеде водството во вкупниот поредок во оваа дисциплина. Тој има 70 поени повеќе од Матијас Мајер.
Килде до победата во Бормио дојде со резултат 1:27.95 минути. Норвежанецот за 72, односно 83 стотинки зад себе ги остави Австријците Рафаел Хасер и Винсент Крихмајр.
Лидерот во генералниот пласман во Светскиот куп, Марко Одемарт го освои осмото место.