Атлетичарот од Суринам, Исам Асинга е суспендиран поради позитивен допинг тест, соопшти Одделението за интегритет во атлетиката (АИУ). Асинга бил позитивен на забранетата супстанца „GW1516“, позната како кардарин.
Светската антидопинг агенција (ВАДА) ги предупреди спортистите во 2013 година дека оваа супстанца претставува закана по здравјето доколку се користи за подобрување на перформансите.
Пред само две недели, 18. годишниот Асинга го постави светскиот јуниорски рекорд на 100 метри на првенството на Јужна Америка во Бразил.
Тој ја заврши трката за 9,89 секунди, а постави и јужноамерикански рекорд.
Асинга овој април со помош на ветрот го победи актуелниот светски шампион на 200 метри Американецот Ноа Лајлс на митингот во Клермон, Франција.