Мохамед Лајани, познатиот тениски судија, поради кршење на правилото за непристрасност, доби суспензија од АТП. Лајани нема да може да суди на два турнири.
На Ју-Ес Опен, за време на мечот помеѓу Ник Кирјос и Пјер Иго Ербер, Лајани слегол од своето столче и разговарал со контроверзниот австралиски тенисер.
Во моментите кога Кирјос делувал незаинтересирано на теренот, судијата му говорел дека „сака да му помогне“.
АТП го казни Лајани, кој нема да може да суди на турнирот од серијата 500 во Пекинг и на мастерсот во Шангај.
Ебер по мечот се жалел со зборовите дека „работата на судијата не е да разговара со играчите“.
Бизарности во Њујорк! Судијата му одржа лекција на Кирјос, по што тој победи (видео)