Четири руски нордиски скијачи добија доживотна суспензија од Олимпијадите поради допингување на ОИ во Сочи во 2014 година, потврди Руската крос-кантри федерација.
Елена Валбе, претседателката на федерацијата, за „Р-Спорт“, потврди дека Максим Вилегжанин, Алексеј Петухов, Евгенија Шаповалова и Јулија Иванова се дисквалификувани и нивните резултати се поништени. Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) уште не го потврди ова.
Оваа суспензија доаѓа една недела откако беа суспендирани Александер Легков и Евгениј Белов исто така поради допинг во Сочи. ИОЦ викендов ќе одлучува дали да дозволи Русија да настапува на Олимпијадата во Пјеонгчанг, Јужна Кореја и под кои услови.
Со оваа одлука, Русија ги губи двата сребрени медали на Вилегжанин, на 50 километри слободно и во тимскиот спринт. Петухов, Шаповалова и Иванова не освоија медали во Сочи, но Петухов беше бронзен во тимскиот спринт на ОИ во Ванкувер во 2010 година.