Хокераската репрезентација на Русија на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го освои златниот медал, откако во едно од најдраматичните финалиња ја победи Германија 4:3.
Хокејот е еден од најпопуларните и најтрофејните спортови во Русија, а во Пјонгчанг репрезентативците на оваа земја го освоија првото злато по пауза од 26 години и ЗОИ во Арбервил во 1992 година.
Финалниот меч во Пјонгчанг бил следен низ целата држава, па дури и во една црква.
Свештеникот, кој очигледно е голем хокеарски фан заедно со членовите на хорот не ја прекинал литургијата, но на својот таблет ги следел случувањата од Јужна Кореја.