Top Sport

Свештеникот не ја прекинал литургијата, но не го пропуштил ниту финалето (Видео)

Хокераската репрезентација на Русија на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го освои златниот медал, откако во едно од најдраматичните финалиња ја победи Германија 4:3.

Хокејот е еден од најпопуларните и најтрофејните спортови во Русија, а во Пјонгчанг репрезентативците на оваа земја го освоија првото злато по пауза од 26 години и ЗОИ во Арбервил во 1992 година.

Финалниот меч во Пјонгчанг бил следен низ целата држава, па дури и во една црква.

Свештеникот, кој очигледно е голем хокеарски фан заедно со членовите на хорот не ја прекинал литургијата, но на својот таблет ги следел случувањата од Јужна Кореја.

Scroll to Top