Украинската шахистка Ана Музичук (27), двојна светска шампионка, на својот профил на „Фејсбук“ ја потврди својата преходна одлука да не учествува на Светското првенство во брзопотезен шах во Саудиска Арабија, поради кршење на правата на жените.
„Во неколку дена ќе ги загубам двете светски титули заоа што решив да не одам во Саудиска Арабија. Само поради тоа што не сакам да играм според нечии прваила, односно затоа што не сакам да носам хиџаб и абаја, да не мора некој да доаѓа со мне кога сакам да излезам надвор и на крајот да не се чувствувам како битие од втор ред“, напишача Музичик.
Таа минатиот месец, откако Светската шаховска федерација (ФИДЕ) објави дека турнирот ќе се одржи во Саудиска Арабија, најави дека нема да учестува.
„Прво Иран, а сега Саудиска Арабија. Се прашувам каде ќе биде организирано наредното СП за жени. И покрај рекордниот награден фонд, нема да играм во Ријад, пто значи дека ќе останам без двете титули. Да го ризикувам животот, да носам абаја цело време? За се постојат граници, а покривањето на главата во Иран беше доволно “, рекла во ноември Украинката.