Top Sport

Светскиот рекордер нема да трча во Токио

Освојувачот на златниот медал на 800 метри, на последните две олимпијади, Дејвид Рудиша, поради повреда на тетивата нема да настапи на Олимписките игри во Токио.

Атлетичарот од Кенија нема настап од 2017 година. Актуелната повреда и поврзана со хроничното воспаление на коските.

„Тој само размислува за следниот чекор, независно да ли тоа значи дека ќе се пензионира или ќе продолжи да тренира“, изјавил менаџерот на Рудиша.

Дејвид Рудиша, на Олимписките игри во 2012 година го постави актуелниот светски рекорд. Во Лондон делницата од 800 метри ја истрча за 1:40.91 минути. Златниот медал го одбрани четири години подоцна на Игрите во Рио де Жанеиро.

Во кариерата Кениецот има и златни медали од Светските првенства во 2011 и 2015 година.

Scroll to Top