Светското првенство во снукер, најголемото натпреварување во спортот, започна со шокантен пораз на актуелниот шампион Марк Селби од 10:4 од Џо Пери во „Крусибл“ во Шефилд.
Селби губеше со 7:2 по утринската сесија и беше јасно дека има големи проблеми откако Пери зголеми на 8:2, пред трикратниот шампион да се врати со два фрејма.
Селби, кој победи во Шефилд во 2014, 2016 и 2017, не беше во најдобра форма против својот англиски сонародник, чиј најголем успех е финалето на Мастерсот, и кој помина три кола квалификации за да доби чест да отвори со Селби.
И покрај овој исход на шампионатот, Селби ќе остане прворангиран снукер играч и по крајот на турнирот, без разлика кој победил.
.@joegentlemanjoe 10-4 Mark Selby ? #ilovesnooker @Betfred pic.twitter.com/n9GCg5YpNG
— World Snooker (@WorldSnooker1) April 21, 2018
HUGE upset!#ilovesnooker @Betfred pic.twitter.com/IeL7o7dFjx
— World Snooker (@WorldSnooker1) April 21, 2018