Top Sport

Светскиот шампион во шах, Карлсен, ептен го бива во „фантази фудбал“

Светскиот шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен успеа да се искачи на шестото место на „фантази фудбал“ во Премиер лигата во конкуренција од над 7 милиони играчи, откако неговиот тим (Кјел Анкедал) со капитен Мохамед Салах освои 26 поени.

Во тимот на норвешкиот велемајстор исто така се и Сон Хеунг-Мин (кој постигна фантастичен гол против Барнли) и Џејми Варди (кој имаше два гола за Лестер). Со ова Норвежанецот има вкупно 1.077 поени, само 32 поени помалку од лидерот.

29-годишниот Карлсен е познат како љубител на Премиер лигата и честопати е виден со фудбалска топка пред интернационалните турнири.

Scroll to Top