Ентони Џошуа можеби е најсилниот човек на светот, односно е светски шампион во бокс во тешка категорија со мултимилонски спонзорски договори, но тоа не го спречува сè уште да живее со својата мајка.
Џошуа, кој ќе боксува со Французинот Карлсо Такам во сабота за ИБФ појасот, неодамна купи куќа со пет спални соби во Ветстоун, на само 15 минути од станот кој уште го дели со својата мајка Јета Одусања.
28-годишниот Британец доби чек од 35 милиони фунти за победата над Владимир Кличко минатата година, така што куќата од 5 милиони фунти не беше голем трошок, иако тој не планира да сели веднаш.
„Куќата уште не е подготвена за селење. Можеби за 18 месеци, бидејќи сакам работите да се како што треба. Тоа е семејна куќа, за најблиското семејство. Сите ќе доаѓаат на Божиќ и на другите празници“, вели Џошуа.