Top Sport

Свиндал со историска четврта победа во Бивер Крик (видео)

Аксел Лунд Свиндал стигна до импресивна кам-бек победа на спустот во Бивер Крик, за да стане првиот скијач во историјата со четири спусташки победи на славната патека во Колорадо, поминувајќи го Американецот Боди Милер.

34-годишниот Норвежане на крајот беше за 15 илјадити делови од секундата пред победникот од Лејк Луис, Беат Фојц и 0.49 секунди пред изненадувањето, Томас Дресен.

Ова е прва победа за Свиндал по триумфот на супер-џи трката во Кицбил на 23 јануари 2016 година, пред 680 дена. Со ова се комплетираше неговиот кам-бек откако во Лејк Лус беше на третото место.

„Дадов гас кога беше потребно. Нормално дека сум задоволен“, вели Свиндал по 33. победа во кариерата.

Scroll to Top