Top Sport

Свитолина ја среди Халеп за полуфинале, Плишкова се уште е во игра

Втората светска тенисерка, Каролина Плишкова од Чешка остана во игра за влез во полуфиналето на завршниот ВТА мастерс во Шенжен откако денеска нејзината противничка Бјанка Андреску од Канада го предаде мечот при водство од 6-3 за противничката.

Андреску уште на почетокот поведе со 2-0, но тогаш заработи повреда на коленото. Мораше да интервенира лекар, следуваше пауза, но веднаш стана јасно дека Андреску нема да може да пружи посериозен отпор.

Во претходниот меч од истата „Виолетова“ група, бранителката на титулата на турнирот, Украинката Елина Свитолина ја победи Романката Симона Халеп со 2-0 (7-5 и 6-3) и прва осигура влез во полуфиналето.

Плишкова има шанса за полуфинале доколку во третиот меч од групата, в петок, слави против Халеп откако во првото коло загуби од Свитолина. Халеп во првиот меч ја совлада Андреску.

На местото на канадската тенисерка шанса за настав в петок ќе добие замената, Американката Софиа Кенин која ќе ги одмери силите со Свитолина.

Кенин ќе биде втората замена на овој турнир откако вчера во „Црвената“ група се повлече поради повреда Јапонката Наоми Осака, а на нејзино место дојде Холанѓанката Кики Бертенс кој, пак, ја изненади со 2-1 првата на ВТА листата, Ешли Барти.

Во таа група Белинда Бенчич остана во игра за полуфинале благодарејќи на победата од 201 над Петра Квитова.

Scroll to Top