Top Sport

Тајгер Вудс: Малку фалеше од болница да излезам без една нога!

Во февруари спортскиот свет за миг застана кога во медиумите се појави информацијата дека голферот Тајгер Вудс е повреден во тешка сообраќајна несреќа. Помина доста време, тој се опорави, а вчера имаше интервју за магазинот „Golf Digest“.

„Мислам дека реалноста по несреќава е дека еден ден ќе играм, а еден ден ќе одмарам. Никогаш веќе нема да можам да играм како што играв. Ќе морам да ги бирам деновите, тоа е мојата реалност, ја прифаќам“ вели Вудс.

Голферот раскажа како ги проживеа моментите на несреќата, и како долго стравувал од можните последици. Во еден момент вели дека докторите размислувале за мапутација на ногата.

„Беше еден момент, не би рекол дека шансите беа 50-50, но беше многу близу од болница да излезам со една нога. Среќен сум што не беше така. Сега не сум оптиварен, не морам да играм против најдобрите голфери во светот за животот да ми биде исполнет“ вели тој.

Тој повторува дека е среќен што ногата му е доволно добра да може повторно да игра голф, повремено и на некој турнир.

Scroll to Top