Top Sport

Тајгер Вудс пред портите на голферскиот рај

Американскиот голфер Тајгер Вудс го израмни рекордот на ПГА според бројот на освоени турнири.

Вудс, на Зозо шампионатот, го освоил 82 трофеј во кариерата. На вечната листа 43 годишникот се израмнил со сонародникот Сем Снид.

Снид имал 52 години кога во 1965 станал рекордер на ПГА.

Тајгер Вудс во април го освоил првиот „мејџор“ турнир во последните 11 години. Тога петти пат победил на Мастерсот, а вкупно во кариерата има 15 „мејџор“ трофеи, три помалку од рекордерот Џек Никлаус.

Никлаус, во кариерата освоил 74 ПГА турнири, имал 46 години кога ја освоил 18 „мејџор“ титула.

Scroll to Top