Top Sport

Тајгер Вудс со прв настап по 10 месеци

Тајгер Вудс го почна своето прво голферско натпреварување по 10 месеци, откако на неговиот турнир „Хироу ворлд челенџ“ на Бахамите немаше проблем на првите девет дупки и беше 10. со три удари заостанување зад Британецот Томи Флитвуд.

Овојпат немаше проблеми со грбот, и играјќи покрај својот пријател  и шампион од Фед Екс купот, Џастин Томас, 40-годишниот поранешен светски голфер број 1, малку се исфрустрира на деветтата дупка, кога направи две грешки.

Вудс, кој е 79-кратен шампион на ПГА турнејата и кој беше рекордни 683 недели на првото место на рејтингот, во моментов е 1.199-ти на ПГА-турнејата. Оваа година покрај со повредите, тој имаше проблем и со законот, кога полицијата на Флорида го фати како спие во својот автомобил под дејство на медикаменти.

Scroll to Top