Top Sport

Тајсон е во страшна форма (Видео)

Легендарниот боксер Мајк Тајсон не престанува со напорните тренинзи откако најави дека ќе се врати во рингот. „Челичниот Мајк“ наскоро ќе наполни 54 години.

Видеото од последниот тренинг на Тајсон кое се појави на социјалните мрежи стана хит, а фановите се воодушевени од физичката подготвеност на поранешниот светски првак.

Инаку кој ќе му биде противник на Тајсон во неговата прва борба по пауза од 15 години се уште не е познато.

Многумина посакуваат тој повторно да влезе во рингот со Ивандер Холифилд кој во 1996 година му го одзеде шампионскиот појас на Тајсон со нокаутот во 11 рунда, а една година подоцна Холифилд ја одбрани титулата откако Тајсон беше дисквалификуван во третата рунда.

View this post on Instagram

Training smarter every day. @smartcups SmartCups.com

A post shared by Mike Tyson (@miketyson) on

Scroll to Top