Top Sport

Тајсон Фјури му порача на Роналдо: Манчестер не е доволно голем за двајцата

ВБЦ шампионот, Тајсон Фјури се подготвува за третиот меч против американскиот предизвикувач Дионтеј Вајлдер во Лас Вегас, но познатиот навивач на Манчестер јунајтед, вели дека целта е да се има борба на „Олд Трафорд“, порачувајќи му на Кристијано Роналдо дека градот не е доволно голем за двајцата.

„Имам два преостанати мечеви во САД, но навистина би сакал да имам меч за титула во Манчестер. Секогаш сум сонувал да боксувам на ‘Олд Трафорд’, каде последен пат се оддржа Јубанк-Бен во 1993 и тоа беше огромен меч. Среќен сум што Роналдо се врати на ‘Олд Трафорд’,  овој град не е доволно голем за нас. Да живеев во Манчестер, тоа ќе беше проблем, но за среќа сум на еден час по автопатот во Моркемб, така што тука се извлече со таа дистанца“, вели Фјури.

Scroll to Top