Top Sport

Тајсон Фјури со договор вреден 80 милиони фунти со „ЕСПН“!

Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури потпишал договор со американската ТВ-мрежа „ЕСПН“ вреден 80 милиони фунти, во договор кој ги опфаќа неговите следни пет меча и е уште еден доказ дека Британецот се враќа на „големата сцена“.

Иако Фјури смета дека со ова е поблиску до ри-меч со Дионтеј Вајлдер, можен проблем е тоа што сега ВБЦ шампионот Вајлдер, исто како и ИБФ и ВБА шампионот Ентони Џошуа работат со ривалски ТВ-мрежи.

Како дел од договорот, Фјури ќе добие уште еден промотер, Боб Арум, шефот на „Топ ренк“. 87-годишниот Арум беше промотор на Мухамед Али и на Флојд Мејведер Јуниор во минатото, помагајќи тие да станат глобални ѕвезди.

Scroll to Top