Top Sport

Тајсон го прогнозира мечот Џошуа-Вајлдер: Некој ќе биде нокаутиран

Легендарниот Мајк Тајсон го коментирал исходот на можниот меч за светската титула во тешка категорија помеѓу Ентони Џошува и Деонтеј Вајлдер. Џошуа неодамна го освои четвртиот појас во тешка категорија, а едниствено во негова сопственост не е појасот во верзијата ВБЦ. Шампион во оваа верзија е Вајлдер.

Боксерскиот свет го очекува овој дуел, наводно двете страни веќе ги започнале преговорите за борбата, иако Светската боксерска асоцијација му наложи на Џошуа, да закаже меч кој би се одржал најдоцна до септември, против првиот предизвикувач на листата Александар Повјеткин.

„Џошуа изгледаше како човек што ќе стане шампион, иако не ме импресионираше во последната борба. Од друга страна Вајлдер е се подобар“, рекол Тајсон, а потоа дал своја прогноза за можната пресметка на двајцата боксери.

„Ќе има нокаут. Некој сигурно ќе биде нокаутиран“, порачал „Железниот Мајк“.

Исто така тој одговорил и на прашањето кави шанси овие момци би имале против него?

„Не знам, би морал да влезам во рингот против нив“, завршил најмладиот светски шампион во историјата на боксот.

Scroll to Top