Мајк Тајсон повторно изгледа во застрашувачка форма како се доближува неговиот камбек во боксерскиот ринг на 54 години, кога на 12 септември во Калифорнија ќе влезе во рингот со уште еден поранешен светски шампион во тешка категорија, 51-годишниот Рој Џонс Јуниор.
„Челичниот“ тренира од март со помош на ММА тренерот, Рафаел Кордеиро, кој сподели фотографија на социјалните мрежи на кој се забележува фантастичната физичка подготовеност на 54-годишниот Американец, а најмногу импресионираат неговите силни нозе.
Тајсон нема боксувано од 2005 година, кога се пензионираше по поразот од анонимниот Кевин Мекбрајд, и Спортската комисија на Калифорнија, која потврди дека ќе го санкционира мечот ги предупреди двајцата боксери да не одат на нокаут.
Џонс, кој се обиде да добие меч со тајсон во 2003 година, вели дека тоа е бизарно барање.
„Кој ќе го контролира Мајк кога ќе влезе во рингот? Затоа планирам да се бранам како да се работи за меч за титула, а не егзибиција. Што треба, да ги прашам дали да одам на нокаут?“, вели Џонс.