Top Sport

Тајсон: Јадам само месо од бизон, зеленчукот е отров

Мајк Тајсон сериозно се подготвува за мечот на 28 ноември против Рој Џонсон јуниор. Тајсон има 54 години, поради што неговиот меч, иако станува збор за егзибиција, предизвикува големо внимание.

На новинарите тој им открил дека покрај тоа што редовно и жестокот тренира го сменил и начинот на исхрана.

„Се подготвувам во вежбална и јадам само месо од бизон. Ми стана јасно дека работите кои се добри, зеленчукот и овошјето, сега за мене се отров. Сакам да бидам многу силен! Поради тоа јадам само месо од бизон, се чувствувам уште посилен. Кога во 2009 година станав вегетаријанец тоа ми помогна да ги решам проблемите кои ги имав со дрогите и алкохолот. Не можев да дишам. Сега ситуацијата е поинаква“, рекол „Железниот Мајк“.

Scroll to Top