Top Sport

Тајсон: Каков Холифилд, ќе боксувам со Ленокс Луис!

Обидувајќи се да ги расположи разочараните фанови по пропаѓањето на шанса за трет меч со Ивандер Холифилд, „Челичниот“ Мајк Тајсон тврди дека ќе влезе во рингот со еден друг стар ривал, Британецот Ленокс Луис во римеч на славната борба од 2002 година.

54-годишниот Тајсон, кој лани се врати со егзбициски меч со Рој Џонс Јуниор, беше запрашан за можност за меч со Холифилд, но тој имаше друга „бомба“.

„Во септември ќе се борам со Ленокс Луис“, изјави Тајсон за „ТМЗ“.

Претходно, Холифилд го обвини Тајсон дека ги одбил сите понуди за комплетирање на трилогијата, вклучувајќи гарантирани 25 милиони долари.

Ленокс Луис е последниот апсолутен шампион во тешка категорија, но 55-годишниот Британец неодамна изјави дека боксот воопшто не му недостасува бидејќи не сака да „биде удиран во лицето“. Инаку мечот Луис-Тајсон во 2002 година ги сруши сите рекорди по пеј-пер-вју гледања, кои подоцна паднаа во 2015 кога во рингот влегоа Флојд Мејведер Јуниор и Мани Паквајо, и се верува дека двајцата добија по 17.5 милиони долари за мечот.

Scroll to Top