Легендарниот Мајк Тајсон има големи очекувања од повратничката борба против Рој Џонсон јуниор. „Челичниот Мајк“, еден од најголемите боксери на сите времиња, по 15 годишна пауза повторно ќе влезе во рингот на 28 ноември.
Мечот со Џонсон јуниор ќе биде егизибицски, меѓутоа Тајсон сериозно се подготвува.
„Целиот настан го носи името ‘Фронтлајн Батл’, бидејќи еден спроти друг ќе бидат големи борци. Сега ќе откриеме кој е најголемиот борец во историјата на големите борци“, порачал Тајсон и дополнил.
„Секогаш го давам максимумот во она што го работам. Таков сум. Ќе победам или ќе умрам. Колкумина размислуваат на ваков начин? Јас сум најголемиот борец од настанокот на светот“.
Тајсон (54) последниот меч го имал во 2005 година против Кевин Мекбрајд, додека три години помладиот Џонсон кариерата ја завршил во 2018 година.