Мајк Тајсон инсистира дека никогаш не размислува за неславниот момент кога му одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд во боксерскиот ринг, и додава дека заработил повеќе пари од „славата“ од 3-те милиони долари кои ги плаит за инцидентот.
Тајсон загуби во првиот меч од Холифилд во 1996 година во одбрана на ВБА титулата во тешка категорија со технички нокаут во 11. рунда, но се жалеше дека неговиот противник постојано го удирал со главата, по што следната година беше закажан римеч.
Тој влезе фуриозн ово рингот и го гризна увото на Холидилф двапати, од кои во вториот одгриза дел од увото, пред да биде дисквалификуван и казнет со 3 милиони долари од неговиот награден фонд од 30 милиони долари.
„Никогаш не размислувам за тоа. Знаете за што размислувам? За тоа колку пари направив со гризење на нечие уво, многу повеќе од тие 3 милиони долари кои ги загубив. Нели е тоа лудо?“, вели Тајсон во гостувањето на подкастот „Хотбоксинг“.
Навраќањето на овој неславен дуел доаѓа откако двајцата ветерани најавија враќање во боксерскиот ринг за добротворни мечеви. Тајсон има 53 години, а Холифилд 57, но тоа не го спречи Холифилд да го повика Тајсон на трета пресметка.
„Не би го прашувал дали сака да влезе во рингот, бидејќи тој треба да ме праша мене. Зошто? Ако прашам јас, тогаш ќе бидам силеџија, веќе двапати го победив и знае дека сум подобар“, изјави Холифилд.