„Челичниот“ Мајк Тајсон, еден од најзастрашувачките шампион во тешка категорија во историјата, тврди дека апстинирал од секс пет години во обид да стане подобар боксер.
Целибатот не е непознат за боксерите, откако и Мухамед Али тврдеше дека понекогаш нема секс во периоди до цела година за да не му биде пречка. Тајсон беше поискрен во оценката.
„Го правев тоа бидејќи сум идиот! Беше навистина глупаво. Ги правев работите кои луѓето ми ги кажуваа. Така требаше, бидејќи, знаете, девојките ќе ти пречат во боксот. Влегов во оваа професија како тотален човек без мозок, барајќи слава бидејќи имав слаба самодоверба. Имав 12 години и барав слава бидејќи имав лош живот. Какви глупости“, вели Тајсон.
На двократниот шампион во тешка категорија минатата недела не му беше дозволен влез во Чиле за да добие награда бидејќи има пресуди за силување, напад и поседување на кокаин.