Top Sport

Тајсон: Спиев и со 15 жени дневно, од секс не можев да одам!

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон (54) освен во рингот, своевремено признава дека доминирал и во креветот. Уживал на забави со многу жени, кокаин, алкохол, „пливаше“ во пари, но подоцна банкротираше.

Актуелен е во јавноста затоа што за неколку дена му претстои враќање во рингот по пауза од 15 години. Противник 3 години помладиот Рој Џонс.

За многумина еден од најдобрите боксери во тешка категорија пред да заврши во затвор поради силување, вели дека дневно спиел и со по 15 жени. Три години помина зад решетки (1992-1995 година).

„Лежев во кревет во хотел и постојано сакав да бидам со некого (проститутки), само да не сум сам, понекогаш не можев ниту да одам од многу се.с. Околу мене 7 проститутки, па одеднаш помислив дека овие жени сакаат да ме ограбат. На самото дно сум, веќе не сакам да им ја давам мојата душа“ раскажува Тајсон.

Легендарниот боксер во 2005 година се „пензионираше“.

Сега е горд производител на марихуана на својот ранч во Калифорнија, а притоа на социјалните мрежи прикажува како изгледаат неговите тренинзи за враќањето во рингот.

Scroll to Top