Top Sport

Талентиран британски боксер загина во страотна сообраќајна несреќа

Најголемиот британски талент, 18-годишниот боксер Али Тазем, загина во тешка сообраќајна несреќа во Вулверхемптон.

Тазем бил совозач, во автомобилот кој удрил во ѕид во Вулверхемптон. Младиот боксер им подлегнал на повредите, додека возачот во тешка состојба е префрлен во болница.

Тазем пред три недели потпишал договор со една менаџерска агенција.

„Тој ќе биде мојот наследик и ќе пишува нова историја во боксот. Има се, техника, брзина, талент, ме потсетува на мене кога бев млад. И јас се борев на сличен начин“, изјавил неодамна славниот британски боксер, Амир Кан.

Во јуниорска конкуренција, Тазем освоил 15 златни медали на меѓународни натпревари.

Scroll to Top