Норвежанецот Даниел Андре Танде е победник на првото индивидуално натпреварување во скијачки скокови во Висла, Полска во неделата, еден ден откако Норвешка заврши како втора на тимското натпреварување.
Танде беше втор по првата серија зад Германецот Карл Гајгер, но во втората серија, оддржана при тешки временски услови, многу скокачи имаа проблеми, како домашниот фаворит Пјотр Жила, кој падна при доскокот.
Камил Штох накратко беше на првото место по разочарувачкиот прв скок, пред да биде поминат од Словенецот Анже Ланишек, кој остана прв и по скоковите на јапонските фаворити Даики Ито и освојувачот на СК, Рјојо Кобајаши, пред Танде да се одвои на 15.8 поени пред Ланишек. Гајгер имаше лош скок и заврши само на седмото место.
Daniel-Andrè Tande wins the first race of the season, just like in the 15/16 season https://t.co/vTpeJV44VY pic.twitter.com/SR9voYAGBG
— Skisport365.com (@skisport365) November 24, 2019