Top Sport

Таткото на Хабиб повторно во кома, состојбата му е влошена

Абдулманап Нурмагомедов, таткото и тренерот на УФЦ шампионот Хабиб повторно е во кома и е на апарати за оддржување во живот откако неговата здравствена состојба се влошила, тврдат руските медиуми.

Лекарите во воената болница каде што 57-годишниот Абдулманап претходно беше на операција на срцето поради компликациите со корона вирусот, повторно морале да го приклучат на машини за дишење по влошувањето на состојбата.

Абдулманап се разбудил од медицински индуцираната кома пред неколку дена, и имал подобрување на состојбата, но сега повторно не може да дише самостојно.

Во понеделникот, Хабиб преку Инстаграм потврди дека тој има инфекција на белите дробови и компликации со срцето.

Корона вирусот заразил 20-тина члена на семејството на Нурмагомедов

Scroll to Top