Top Sport

Таткото на Нурмагомедов: Дајте 100 милиони и ќе има реванш со Мекгрегор

Таткото на Хабиб Нурмагомедов, Адбулманап Нурмагомедов, повторил дека неговиот син ќе му овозможи реванш на Конор Мекгрегор доколку УФЦ платат 100 милиони долари.

Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, најавил нова борба помеѓу Нурмагомедов и Мегрегор, откако Ирецот успешно се врати во октагонот.

Таткото на Дагестанецот, кој воедно е и негов тренер, ја кажал сумата која треба да им биде исплатена доколку УФЦ сакаат да го организираат реваншот.

„Повторуваат дека барам 100 милиони долари. Па нека зборуваат. Доколку не платат нема да има борба“, рекол Абдулманап Нурмагомедов.

„Мене парите не ми се важни, мене ме интересира спортот. Меѓутоа сите зборуваат за парите, борбите не ги интересираат. Сакаат само финансиски исплатливи мечеви. Треба ли да зборувам уште?“.

Хабиб Нурмагомедов на 18 април ќе ја брани титулата во лесна категорија. Негов противник во Њујорк ќе биде Тони Фергусон.

Scroll to Top