Абдулманап Нурмагомедов, таткото и тренерот на УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб, е во кома во воената болница во Москва, тврдат извори од Русија.
57-годишниот Нурмагомедов бил хоспитализиран во нивната татковина, Република Дагестан на Кавказот, но подоцна бил преселен во болница во Москва со посебен лет минатата недела, и сега се наоѓа во критична состојба и во кома, тврди рускиот спортски весник „Спорт експрес“.
„Абдулманап е во лоша состојба, тој е во Москва и е во кома. Во Дагестан не го лекуваа како што треба и затоа се случија компликации. По заминувањето во Москва, тој е во воена болница и не го пуштаат семејството да го видат“, вели изворот на весникот.
Првиот сомнеж беше дека Нурмагомедов сениор има пневномија, но потоа ситуацијата се искомпликувала поради проблеми со срцето.