Top Sport

ТдФ: Роглич го зголеми водството, Мартинез со победа на Пуј Мари

Колумбиецот Даниел Мартинез е победник на 13. етапа на Тур де Франс, откако во фото-финишт го совлада Германецот Ленард Кама на крајот на бруталното искачување на планининте Сентрал Масиф, но најголем „победник“ на етапата може да се смета Словенецот Примож Роглич, кој го зголеми водството во генерален пласман и останува главен фаворит за победа.

Актуелниот шампион Еган Бернал и неговиот Тим Инеос се обидоа да ги попречат плановите на Роглич, но на крајот тој загуби повеќе од половина минута од Словенецот, додека двајца ривали за победата, Наиро Квинтана и Роман Барде имаа незгодни падови. Холанѓанецот Бауке Молема, пак, мораше да се откаже од трката, по незгоден пад во една дупка.

Роглич има 44 секунди предност пред словенечкиот сонародник Тадеј Погачар по 13 етапи, додека Бернал сега заостанува 59 секунди. На четвртото и петтото место се уште двајца Колумбијци, Ригоберто Уран (+1:10) и Наиро Квинтана (+1:12).

Scroll to Top