Тениската репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на турнирот од третата Евро-африканска зона во Дејвис купот.
Македонските тенисери, во четвртоткот, на турнирот во Бугарија ги добија мечевите во сингл.
Горазд Србљак го декласира Арбер Сулстарова, додека искусниот Димитар Грабул рутински се справи со Марио Зили.
Србљак на Сулстарова не му препушти ниту еден гем (6:0, 6:0), а Грабул во двата сета против Зили загуби три гема (6:3, 6:0).
Вчера македонските репрезентативци славеа во дуелот против Исланд со 2.1, а утре ги очекува мачот против домаќинот Бугарија.