Американската тенисерка Никол Гибс го откажала својот настап на Ролан Гарос, откако и бил дијагностициран редок вод на канцер. Болеста ѝ ја открил стоматологот, а станува збор за израсток на непцето.
Биопсијата покажала дека станува збор за канцер. Гибс ќе биде оперирана в петок.
„За жал морам да се повлечам од овој дел од сезоната, вклучувајќи го и Ролан Гарос. Срена околност е што овој вид на рак не е од оние опасните. Лекарите се надеваат дека операцијата ќе биде доволна. Дури ми препорачаа наредните недели да одиграм некој турнир за да си ги смирам мислите“, напишала Гибс на „Твитер“.
Оваа 26 годишна тенисерка во моментов се наоѓа на 117 место на ВТА листата.