Top Sport

„Тенискиот полковник“ кој го понижи Надал сега му е учител на Шаповалов

Рускиот тенисер Михаил Јужни ќе остане запаметен како еден од најтемпераментните тенисери во историјата на овој спорт. Русинот роден пред 38 години беше професионалец од 1999 па се до 2018 година.

Јужни, кој во моментов е тренер на еден од најголемите тениски таленти Денис Шаповалов ќе остане запаметен како еден од играчите кои ретко знаеја да ги контролираат емоциите.

Најдобриот пласман му беше осмото место, а освои и 10 АТП титули.

Една негова снимка од Мајами 2008 година се уште се врти на интернет. Исфрустриран од сопствената грешка Јужни со рекетот се удира в глава и притоа си нанесе сериозна повреда.

Тој е тенисерот кој му го нанесе најголемото понижување на легендарниот Рафаел Надал, го победи со 2-0, притоа со 6:0 и 6:1.

Scroll to Top