Најпознатиот интернет-пребарувач „Гугл“ ја објави листата на најпребарувани спортски настани во 2017 година. На листата на „Гугл“ на првото место е тенисот. На листата на „Гугл“ доминираат глобалните настани, а покрај тенисот, застапени се и фудбалот, кошарката, бејзболот, американскиот фудбал, боксот и велосипедизмот.
На десеттото место е Лигата на шампионите на УЕФА, натпреварување што кулминира со финалниот меч во Кардиф помеѓу Реал Мадрид и Јувентус. Реал победи со 4:1, стана првиот тим во историјата откако Лигата на шампионите се игра во овој формат, а Кристијано Роналдо постигна два гола.
НБА-плејофот и финалната пресметка во борбата за титулата е на позицијата број девет. Разигрувањето во НБА-лигата траеше речиси два месеца, а заврши со триумф на Голден Стејт Вориорс. Екипата од Оукленд во третото последно финале против Кливленд Кавалирс ја освои својата втора титула.
Помалку неочекувано пред овие две натпреварувања, на осмото место се најде Купот на конфедерациите, кој на почетокот на летото се одржа во Русија. Купот на конфедерациите, на кој настапуваат континенталните шампиони, традиционално го најавува Светското првенство. Титулата ја освои Германија со победата 1:0 над Чиле.
Во годината во која на „Гугл“ доминира тенисот, на седмото место се најде последниот од четирите гренд слем турнири, Отвореното првенство на САД. Титулата кај мажите третпат во кариерата ја освои Рафаел Надал,а кај дамите американското финале ѝ припадна на Слоан Стивенс.
Тениски настан е и на позицијата шест. На почетокот на годината во финалето на Австралија опен играа двајцата легендарни играчи Роџер Федерер и Рафаел Надал. Швајцарецот победи по голема борба и ја освои својата 18. титула на гренд слем турнирите, кај дамите финалето го играат сестрите Вилијамс, а титулата ја освои помладата Серена.
Светската серија на финалето во бејзбол МЛБ-шампионатот заврши со победа на Хјустон Астрос. Екипата од сојузната држава Тексас ја освои првата титула во историјата кога во финалето по седум натпревари победи против ЛА Доџерс.
Позицијата број четири е резервирана за најпрестижната трка во светот на велосипедизмот, Тур де Франс. По 3.500 километри низ Франција и Германија, преку Алпите и Пиринеите, иако без етапна победа, четврти пат во последните пет години победи Британецот Крис Фрум. Овој велосипедист е во центарот на вниманието и на крајот од годината поради обвинувањата за допинг.
Борбата на векот или борбата на сите борби, која некои ја нарекоа и најголемата фарса, пресметката на боксерскиот шампион Флојд Мејвејдер и ултимејт фајт-ѕвездата Конор Мекгрегор, кај „Гугл“ ја зазеде позицијата број три. По десет рунди во Лас Вегас, победи боксерот Мејвејдер и ја забележа 50. победа во кариерата. Уште поважно за двајцата е што богатството го зголемија неколку стотини милиони долари.
Со години најгледаниот спортски настан во светот, Супербоул, е на второто место. Годинава 51. финале во Супербоул понуди спектакуларен меч, Њу Ингланд Петриотс намести дефицит од 25 поени и предводен од Том Брејд победи во дуелот со Атланта Фалконс.
Шампион на „Гугл“ за 2017 година во светот на спортот е најпрестижниот турнир во тенискиот свет, Вимблдон. Резултатот не изненадува бидејќи Роџер Федерер стана првиот што освоил осум трофеи на Вимблдон. Кај дамите победи Шпанката Гарбиње Мугуруса.