Top Sport

Тео најбрз на единствениот тренинг во Лејк Луис

Французинот Адриен Тео постави најдобро време на емотивната тренинг сесија пред првиот спуст од сезоната во Лејк Луис, Канада.

Мажите добија само еден тренинг пред саботната трка во Алберта, бидејќи топлото време предизвика многу проблеми за организаторите. Тео имаше време од 1:51.54, пред олимпискиот шампион, Австриецот Матијас Маер (1:51:89) и Норвежанецот Кјетил Јансруд (1:52.23).

Скијачите од сите нации носеа стикери во форма на срце на своите кациги со иницијалите Д.П. во знак на почит на францускиот скијач Давид Поасон, кој го загуби животот при несреќа на тренинг во Накиска, Канада минатата недела.

Scroll to Top