Натпреварот помеѓу ватерполистите на Партизан и Морнар одигран во регионалната лига го обележала тепачка помеѓу играчите.
Во текот на натпреварот одигран во Белград најпрвин започнала вербална расправија, а потоа работеле и тупаници. Откако ситуацијата се смирила судиите исклучиле шестмина играчи.
Тука не бил крајот на инцидентот, по завршувањето на мечот, продолжиле вербалните навреди од двете страни.
Натпреварот завршил со резултат 12:12. По осум кола во регионалната лига Партизан и Морнар се на дното на табелата со по пет бода.