Српските одбојкарки не успеаја да ја одбранат европската титула. Пред 20.565 гледачи во Белградска арена, Србинките загубија од Италија со 1:3.
Италијанките на убедлив начин стигнаа до третата титула во својата историја и покрај тоа што Србија го доби првиот сет.
Од овој меч долго ќе се прераскажува тај-аутот на српскиот селектор Зоран Терзиќ, во четвртиот сет, при резултат 12:4 за Италија, кога на сите им беше јасно дека Италијанките ќе ја освојат титулата.
„Екипа, екипа! И кога е тешко и кога е убаво, секогаш е тука екипата. За мене вие сте најдобри во светот, кој ги е.е“, рече Терзиќ.
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) September 4, 2021