Top Sport

Тешка група за Македонија во Дејвис купот

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија (рангирана на 89 место) ги дозна ривалите од Третата европска зона од Дејвис купот што ќе се игра во Ларнака, Кипар.

Македонија во Б-групата ќе игра против домаќинот Кипар (75 место), Малта (93 место) и Молдавија (95 место).
Во групата А се три репрезентации: Естонија (68), Сан Марино (86) и Црна Гора (91).

Во првото коло утре Македонија ќе игра против селекцијата на Малта.

Победниците на групите ќе изборат пласман во повисок ранг, додека втропласираните ќе разигруваат за пласман во Втората европска зона.

Scroll to Top