Top Sport

Тешки навреди на адреса на Монфис

Францускиот тенисер Гаел Монфис примил бројни навреди поради лошиот резултат на мастерсот во Рим кој заврши вчера со триумф на Новак Ѓоковиќ. Монфис настапот во Рим го заврши во второто коло. Тој беше поразен од Германецот Доминик Кепфер со 2/6, 4/6.

Ден по поразот од Кепфер, Монфис на социјалните мрежи бил наредуван од луѓе кои се обложиле на него. Најчестите пораки кои ги добивал биле оние во кои го нарекувале „роб“ и „глупав црн мајмун“.

Мечот со Кепфер беше прв за Монфис по пауза од седум месеци, кога во полу-финалето на турнирот во Дубаи не искористи две меч топки против Ѓоковиќ, а потоа беше поразен.

Потоа настана паузата што ја предизвика коронавирусот. Монфис не играше на двата турнири во САД, а Рим требаше да му биде подготовка за Ролан Гарос.

Scroll to Top