Холандскиот велосипедист, Дилан Груневеген, поради инцидентот што предизвика на трка во Полска, доби девет месечна суспензија. Како последица на инцидентот, неговиот ривал, се здоби со тешки повреди на лицето и беше во комаш.
Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), објави дека Груневеген нема да може да се натпреварува до 7.мај.
„Тоа што се случи во текот на првата фаза, на Трката околу Полска, засекогаш ќе биде дамка во мојата кариера“, напишал во соопштението Груневеген, кое го објави неговиот тим Џамбо-Висма.
Груневеген, на 5.август, во самата завршница на етапата, во спринтот во кој беа неколку велосипедисти, му влегол во патеката на Фабио Јакобсен. Несреќниот Јакобсен удри во бариерите крај патот. Јакобсен веднаш бил хоспитализиран, лекарите го ставиле во вештачка кома, а потоа му извршиле операција на лицето и вилицата.
УЦИ, победата на трката му ја додели Јакобсен, а го дисквалификува Груневеген. УЦИ, тогаш во своето образложение наведе дека „Груневеген избегал од својата линија на патеката и ги прекршил правилата на трката“.