Top Sport

Тестот на Тим на Ковид-19 е негативен

Доминик Тим неколку дена во Белград учествуваше на „Адрија Тур“, турнирот што го организира Новак Ѓоковиќ. По враќањето од Белград тој и неговиот тренер Алекс Штобер веднаш заминале на тестирање. Тестовите на Ковид-19 им биле негативни.

Тим во неделата го освои турнирот во Белград, во финалето беше подбар од Филип Крајиновиќ.

По враќањето во Австрија решил да се тестира бидејќи во Белград имаше блиски контакти со учесниците, но и со навивачите. Исто така во текот на турнирот заедно со другите играчи бил во обиколка на белградските дискотеки.

Австрискиот тенисер во перидот од 7 до 11 јули ќе го организира турнирот кој е наречен „Седуммината на Тим“.

Scroll to Top