Британецот Марк Кавендиш, сериозно се повреди на велодромот „Кајпке“, во текот на последната трка „Шест дена во Гент“. Кавендиш, ноќта ја мина на одделението за интензивна нега во болницата во Гент.
Инцидентот се случил кога Кени де Кетеле, го допре тркалото на Ласе Норман Хансен. Данецот во моментот додека паѓаше го собра Кавендиш. Двајцата завршија надвор од патеката.
Кавендиш по укажаната лекарска помош бил хоспитализиран.
#Replay ? / #Zesdaagse ??
Terrible chute qui entraîne au sol ?? Lasse Norman Hansen et ?? Mark Cavendish ?Tout le monde s’en sort indemne.pic.twitter.com/KYQkoPCVBA
— Renaud Breban (@RenaudB31) November 21, 2021