Top Sport

Ти Џеј Паркер го тужи брат му за половина милион евра

Поранешниот тренер на Асвел Ти Џеј Паркер се одлучи на необичен потег.

Во текот на сезоната тој беше отпуштен од клубот кој го раководеше неговиот брат Тони Паркер.

Според медиумите, Ти Џеј го тужел клубот, поточно неговиот брат, бидејќи бара финансиска отштета.

Работеше во тимот со Лион за сума од 250.000 евра годишно, а според договорот имаше уште две сезони да работи во клубот. Тоа значи дека би заработил околу половина милион евра.

Сега на поинаков начин сака да ги добие тие пари од клубот, поточно од неговиот брат.

Scroll to Top